Средношколска Лидерска Академија – Ден #4

Последниот ден од Средношколската Лидерска Академија се реализира под наслов “Кормилото е во наши раце”.
Во текот на денот огромна беше честа и задоволството да се слуша Дарко Божиноски кој е постдокторски истражувач во IRIDIA, Universite libre de Bruxelles (Брисел, Белгија) којшто зборуваше на тема ,,Мојата улога во општеството”.
Mаријана Илиевска преку својата презентација на учесниците им ги откри клучевите кои водат до успех, упатувајќи на вербата којашто мора секогаш  да ја имаат во себе.
,,ВИЕ, учениците, сте движечка сила на економскиот развој и моја инспирација…” На овој начин започна презентацијата на Проф. д-р Виолета Цветкоска насловена ,,Огледало”. Низ една навистина преубава презентација, професорката ја долови тезата дека Постои само една личност којашто може да го обликува нашиот живот, а тоа сме самите ние и заврши со прашањето ,,Кој ќе бидеш ти?”.
За локалната самоуправа, темел на промените коишто сакаме да ги видиме, зборуваше Вишна Шорова – Ангелова. Запознавајќи ги учеснците со органите, телата и надлежностите на локалната самоуправа, упати на важноста и начините како еден граѓанин може да се активира, да си ги оствари своите права и да помогне во спроведување на локалните политики и решавање на локални прашања и проблеми.
Коста Митрески беше последниот предавач на лидерска академија којшто одржа презентација на тема ,,Од лидер во секојдневието, до лидер на иднината”. Заокружувајќи ја оваа Средношколска Лидерска Академија, Коста ги потсети учениците дека Лидери постојат насекаде околу нас, и не е функцијата, облеката и начинот на изразување тоа што го прави еден човек Лидер, туку тоа е работата што ja извршуваме, луѓето што не следат и поддржуваат и позитивното влијание коешто го имаме во средината кадешто делуваме.
Нашите поддржувачи Винчини не следеа се до последниот ден. Со нивните благи задоволства, се дружиме и во наредните наши активности. Ви благодариме!
#ИСЛАА
#СЛА2019
#СредношколскаЛидерскаАкадемија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *