Средношколска лидерска академија – Ден #3

Во неделата, 27.10.2019, се одржа третиот ден од Средношколската Лидерска академија којшто беше посветена на Состојки за траен успех.
Денот го започнавме со еден прекрасен мотивациски говор од нашата драга Искра Донева којашто споделувајќи ја својата животна приказна, преку совладувањата на многубројните пречки и ограничувања, па се до стекнатите успеси,  се обиде на учесниците да им го долови рецептот за тоа како да бидат најдобрата верзија од себе и да ги остварат своите соништа.
Никола Цветковски, Оперативен менаџер на компанијата B-Watch, низ практични примери од своето секојдневие и работејќи на одговорна, лидерска позиција во компанијата, го претстави практичниот дел на лидерството и неговата примена во една мала компанија, но брзорастечка на нашиот пазар.
За предизвиците на нацијата и потребата од нови лидерства во ова турбулентно секојдневие, имавме шанса и можност да слушаме од Марија Колева – Димишковска,  вработена во Археолошкиот музеј Скопје како раководител на одделението за водење и едукација.
Катерина Климовска го искористи специфичното знаење од областа на Одржливото лидерство, да на учесниците им пренесе еден малку поневообичаен животен стил – Свесен, одржлив начин на живот. Зборувајќи за свесноста, личниот баланс, одржливоста и одговорноста, успеа да го долови моментот за важност на моменталните состојби и севкупната грижа, како за себе, за своите постапки, така и за средината којашто не опкружува и со којашто сме секојдневно во интеракција.
Предавањата продолжуваат уште една сабота (02.11.2019) со којашто ќе ја заокружиме оваа Средношколска Лидерска Академија.
Благодарност до Vincinni што и оваа недела се погрижија за слатките задоволства во коишто уживаа нашите учесници за време на паузите.
#ИСЛАА
#СЛА2019
#СредношколскаЛидерскаАкадемија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *