Средношколска лидерска академија – Ден #2

Вториот ден од Средношколската Лидерска Академија што се одржа на 19 Октомври 2019, во организација на Иванов Школа за Лидери – Алумни Асоцијацијата (ИСЛАА), беше посветен на важноста од градење на лидерски вештини преку развивање на вистинските вредности и интегритет.
Во текот на вториот ден, учениците имаа можност да учат од 5 извонредни предавачи.
Оливера Трајковска се фокусираше на убавината на лидерството, инспирирајќи ги учесниците со отворен ум да размислуваат надвор од шаблоните, да изнаоѓаат нови, иновативни решенија на патот до индивидуалниот и колкетивниот успех.
Симона Јовеска ни ги образложи третманот на лицата од ранливи категории во општеството, осврнувајќи се на важноста на влијанието на наставник со посебни потреби врз децата, базирано на нејзината успешна приказна како основач на приватното училиште Лотус центар.
Марјан Гијовски преку интерактивна работилница, ги потткина младите да дискутираат како да се соочиме со предизвиците на нацијата и нужната потреба од нови лидерства. Отецот Ивица Тодоров ни даде увид каква треба да биде личноста на младиот водач и вредносен систем потребен на лидерот во 21 век.
Марија Кочовска од Сѐ за храна го заокружи овој втор ден од академијата преку својата онлајн интерактивна работилница за работа на блог и маркетинг на социјални мрежи со цел учениците да научат како да ги искористат онлајн алатките за да го максимизираат ефектот на лидерските вештини.
Целта на овие предавања е да ги подготвиме оние кои доаѓаат после нас, да бидат морални и етички лидери со карактер, интегритет, понизност, фокус на луѓето, одговорност, храбро и мудро да се соочуваат со предизвиците што ги наметнува современото општество.
Благодарност до Vincinni и Tikveš Winery за несебичната поддршка и придонес за оддржување на Средношколската Лидерска Академија на ИСЛАА.
Предавањата ќе продолжат и во следните две саботи.
#ИСЛАА #СЛА2019 #СредношколскаЛидерскаАкадемија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *