Свечено доделување благодарници за Средношколската лидерска академија

По повод успешно комплетираниот циклус на обуки наменети за средношколците од Град Скопје како дел од Средношколската Лидерска Академија организирана од ИСЛАА, а во присуство на поранешниот Претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, свечено беа доделени благодарниците за учесниците и предавачите на академијата кои несебично го споделија своето знаење и вештини со младите.
Во своето обраќање, иницијаторот на Школата за млади лидери истакна  дека оваа прва средношколска академија ќе расте и ќе се развива по принципот на Школата за млади лидери организирана под негово покровителство. Тој им порача на учесниците да бидат храбри и истрајни во своите уверувања, да се борат за своите вредности и да бидат двигатели на промени во средината во која живеат. “Нашата идеја со Школата беше успешните да ги направиме уште поуспешни. Верувам дека и вие како млади средношколски лидери ќе бидете пример и мотивација за вашите врсници преку вештините кои ги стекнавте на оваа Академија”, истакна Иванов пред присутните, истовремено заблагодарувајќи им се на сите предавачи на Академијата за нивното време и можност да им пренесат знаење и искуство на учесниците.
,,Благородната иницијатива започната пред десет години од страна на Претседателот Иванов за создавање Млади за иднината, сметам дека ние, како учесници на таа школа, имаме должност да ја продолжиме и да ја пренесеме и на помладите од нас. Како што тој веруваше и инвестираше во нас, така и ние да превземеме напор во креација на лидерски подмладок кој во иднина ќе се потруди да стане дел од ИСЛАА“, рече Катерина Климовска, Претсдател на Иванов Школа за Лидери – Алумни Асоцијацијата.
Претходно, Иванов Школа за Лидери – Алумни Асоцијацијата и Кабинетот на поранешниот Претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, потпишаа Меморандум за соработка со којшто се воспоставија основи за меѓусебна поддршка во реализација на проектни активности кои се во насока на одржување на континуитетот во едукација на млади.
#ИСЛАА
#СЛА2019
#СредношколскаЛидерскаАкадемија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *