Осмо издание на Самит Македонија 2025

Членови на Иванов Школа за Лидери – Алумни Асоцијацијата присуствуваа на дводневниот Самит Македонија 2025 којшто претставува водечка регионална платформа за споделување на последните светски трендови во бизнисот, инвестициите, технолошките иновации и одговорното лидерство.

Во целокупната програма на самитот, беа реализирани бизнис натпревари за стартапи и средношколци, над 15 панел-дискусии, неколку засебни тематски сесии, интерактивни настани за вмрежување и ден за спортски активности. Некои од темите на коишто се говореше се глобалните и геополитички трендови, можностите за финансирање на мали и средни претпријатија, семејните бизниси, успешните македонски платформ компании и други интересни дебати.

Преку Самитот Македонија2025, организацијата помага во поврзувањето на компании и поединци, влијае на начинот на размислување и постапување, и меѓу другото, генерира напредни идеи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *