Одржана работилница на тема ,,Ефективна комуникација и ЈАС пораки”

Комуникацијата е многу повеќе од вербален разговор помеѓу луѓето; Комуникацијата е всушност нашата перцепција за тоа како светот ни одговара нам и како ние му одговараме нему.

Иванов Школа за Лидери – Алумни Асоцијацијата (ИСЛАА) успешно ја реализираше еднодневната применлива и моќна работилница за Ефективна комуникација и концептот на „Јас пораки“, одржана на 11.11.2019 година во просториите на Граѓански ресурсен центар.

На работилницата, Тиана Ивановска, дипломиран психолог и Гешталт психотерапевт под супервизија ги запозна учесниците со потребата од ефективна комуникација и како да се постигне истата, за последиците од лошата комуникација и надминување на најчестите комуникациски бариери. Преку практични примери и вежби, учесниците беа запознаени со концептот на „Jас пораки” и научија зошто е корисно истите да се употребуваат.

Еден од најпродаваните македонски автори во изминатава година, м-р Мирослав Драганов, ја пренесе теоријата во пракса преку 4 вежби за вербална и невербална комуникација, заокружувајќи ја сесијата со корисни примери што учесниците ќе можат да ги применат во своето секојдневие.

Оваа работилница е дел од едукативно – образовната платформа на асоцијацијата преку која им се овозможува на младите да бидат поблиску до темите кои се актуелни во светот.

Иванов Школа за Лидери -Алумни Асоцијација најавува дека во периодот кој следи ќе продолжи со реализација на бројни едукативни настани за личен развој на млади.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *