„Конференција за 200 Жени Претприемачки“

Членови на Иванов Школа за Лидери – Алумни Асоцијација, имаа можност да бидат дел од третата Конференција за „200 Жени Претприемачки“ којашто оваа година беше збогатена со избор на „Жена на годината“.

На конференцијата присутни беа жени сопственички на бизнис, жени со неограничени претприемачки идеи, жени кои се менаџери, жени кои се лидери во својата професија (директорки во корпорации, докторки, наставнички, спортистки итн), но и жени на кои им недостига охрабрување да го направат следниот чекор.

Присутните гости – презентери од земјава и странство, ја искористија можноста на сликовит начин, со конкретни примери да го претстават нивниот пат и да им дадат соодветни насоки и примери на сите учесници за тоа како да бидат сè поуспешен.

Ние жените знаеме што ни е потребно, што нè интересира и каде сме најсилни, но многу е поубаво чувството кога сето тоа ќе го доживееме заедно!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *