ИСЛАА со Тркалезна Маса за Социјално Претприемништво како дел од Глобалната Недела на Претприемништвото

Со цел да се покрене свеста за потребата и придобивките од социјално претприемништво и на овие простори, како дел од Глобалната Недела на Претприемништвото, ИСЛАА организираше Тркалезна маса на тема Социјално Претприемништво.

На настанот, свое излагање имаа шест говорници : Оливера Трајковска, неуморен активист и тренер за социјално претприемништво, мотивација и социјални медиуми, Ирина Јаневска од асоцијацијата ,,АРНО”, Маја Раванска, иницијаторот на списанието ,,Лице в лице”,Марјан Петров сопственик на ресторанот ,,Амбрела“, Искра Росо од здружението ,,СОЛЕМ” и Гере Трипков, човекот што со години ги разбива стереотипите за лицата со попреченост во земјава преку организацијата „Equality“.

Благодарност до Симона Чаминска, Координатор на Глобалната Недела на претприемништво во Македонија и поддршката од Startup Macedonia што ни овозможија ИСЛАА да биде дел од 10.000 организации што кои како дел од оваа светска иницијатива, го поттикнуваат економскиот раст и шират просперитет.

,,Луѓето денес мора да направат дисктинкција меѓу два концепти на бизниси: Бизниси создадени да прават пари и бизниси создадени да прават општествени промени. Развојот на социјалното претприемништво треба засилено да се поддржува и да се интегрира во сите планови за економски и одржлив развој. Вистински општествени промени се случуваат тогаш кога се одговор на вистински општествени проблеми и предизвици. Ајде сите, заедно и сплотено да делуваме во насока на креација на општествени промени и да создаваме свет еднаков за сите. Јас искрено се надевам дека од година на година бројот на вакви бизниси, бизниси кои создаваат општествени промени ќе расте, а инклузивниот раст се повеќе и повеќе ќе се зајакнува”, истакна Катерина Климовска, Претседател на Иванов Школа за Лидери – Алумни Асоцијацијата.

Благодарност до Граѓански ресурсен центар и нашите спонзори Vincinni.

ИСЛАА продолжува со своите заложби за креирање на подобра човечка и општествена благостостојба.

hashtagGEW2019 hashtagISLAA

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *