ИСЛАА склучи Меморандум за соработка со КДС Центар за обука и развој на кадри

Во еден ваков динамичен свет, во кој единствена константа е промената, што е она што може да ни гарантира дека ќе успееме?

Денес веќе не е прашање дали е потребно да се поседува соодветно знаење и способности во одредена област, туку како да се управува со тоа во насока на стекнување на конкурентска предност.

Знаејќи дека идеите се основни двигатели на прогресот и дека сите ние како индивидуи вредиме онолку колку што можеме да придонесеме во остварување на големите и мали визии, потенцирајќи ја потребата од континуирано усовршување, учење, надоградување и постојано стекнување на нови знаења и искуства, ИСЛАА склучи Меморандум за соработка со КДС Центар за обука и развој на кадри

КДС Центар за обука и развој на кадри на кадри има долгогодишен препознатлив историјат како ПРВ Центар за обука на кадри за современото административно и бизнис работење во Република Македонија. КДС е акроним на она што е мото и препознатлив печат на работењето на фирмата, а тоа е Комуникација, Деловност и Стил.

Целта на соработката на ИСЛАА и КДС е да се придонесе кон создавањето лидери и вработени со развиени вештини, знаење и ставови во согласност со светските трендови и потреби во нашата околина, како би се постигнал максимален успех на лично и организациско ниво.

Ние веруваме дека заедно може да го извадиме најдоброто!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *