Светска кампања „Light It Up Blue”

ИСЛАА се приклучува кон меѓународната кампања „Light It Up Blue” по повод 2 април – Светскиот ден на аутизмот. Во знак на поддршка на лицата со аутистичен спектар на нарушувања облековме сини маички со парче од сложувачка – симболот на аутизмот, затоа што сите сме различни на свој начин, а сепак заедно формираме една совршена целина!
Годинешното одбележување на Светскиот ден на аутизмот ја нагласува потребата од прифатливи помошни технологии со цел поддршка на лицата со аутизам да живеат независни животи и да ги остварат нивните основни човекови права. Низ светот, се уште има големи пречки за достапноста на овие технологии, вклучувајќи ги високите трошоци, недостапноста и недостатокот на свест за нивниот потенцијал.
Со денешната иницијатива, уште еднаш упатуваме апел дека околу нас има лица кои не смееме да ги заборавиме и лишиме од општесвените процеси, од времето и просторот кои им се потребни, а со цел целосна нивна интеграција и инклузија.
#LIUB #lightitupblue #islaa #WAAD #AutismAwareness

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *