ИСЛАА дел од кампањата на ОБСЕ „Гласно против Гласини

Мартина Димоска и Искра Донева, членови на ИСЛАА, беа дел од говорниците на настанот по повод националната кампања „Гласно против гласини” поддржана од OSCE Mission to Skopje.

Мартина раскажа како човек кој потекнува од мал град може да се стигне до посакуваната дестинација, а притоа да има двојна и контрадикторна професија, модел и инженер, што се уште е табу тема во земјава. Искра се осврна на тоа колку е битна поддршката од општеството и борбите со кои таа се соочила како лице со хендикеп.

Целта на оваа кампања е да се подигне свеста за штетното влијание од ширење „гласини“ што доведуваат до родови стереотипи и предрасуди за жените во нашето општество.

ИСЛАА ќе продолжи да ги поддржува активностите што мотивираат и поттикнуваат позитивни промени.


#СекојаЕднаЕВредна

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *