ИСЛАА го прослави својот 8-ми роденден

“Ќе продолжиме со успешна работа во периодот кој следи, ќе имаме многу идеи, визии, остварени желби и активности и многу заеднички достигнувања. Цврсто верувам дека во нас постои силен потенцијал, со цврста волја и широка определба за безрезервно вложување и придонесување кон зајакување на оваа мрежа и продолжување на духот на лидерството.” Со овие зборови,претседателката на Иванов школата за
млади лидери – Алумни Асоцијацијата, Катерина Климовска ја отвори прославата на осмиот роденден на ИСЛАА. Таа даде осврт за сработеното во 2019-та година, најавувајќи уште една плодна година за асоцијацијата.
Ако се двоумите дали сте лидер, завртете се и погледнете дали некој ве следи или некој зборува зад вас. Ако има барем еден човек кој ве следи или ве озборува, тогаш сте на правиот пат, истакна претседателот на државата, д-р Ѓорге Иванов во своето обраќање пред присутните, честитајќи им ги сите досегашни успеси на учесниците на Школата за млади лидери.
На прославата присуствуваа претставници од кабинетот на Претседателот на РМ, од органите на државната управа, дипломатскиот сектор, учесници од Школата за млади лидери, спонзори и донатори.
Голема благодарност до спонзорите на роденденот: Park Hotel, Originalen Ohridski Biser- Filevi, Пивара Скопје / Pivara Skopje, Crafts.mk и Антигона.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *