Средношколска Лидерска Академија – Ден #1

Лидер. Да бидеш најдобар меѓу најдобрите или прв меѓу првите? Но, дали најдобрите секогаш се први и дали првите мора да се најдобри?

На ден 12.10.2019 година (сабота) во просториите на Public Room, се одржа првиот работен ден од Средношколската лидерска академијво организација на Иванов Школа за Лидери – Алумни Асоцијацијата (ИСЛАА).

Првиoт ден од академијата беше посветен на Лидерството во 21 век. Во текот на овој ден учениците имаа можност да слушаат 5 извонредни предавачи.

Денис Ампов, Smart Steps CGличност којашто живее брзо и исполнето, сака промени и под висока доза на мотивација и огромен капацитет константно цели кон остварување на своите животни цели и амбиции, во рок од 45 минути успеа на учениците да им им ги пренесе најважните начела кои секој успешен лидер мора да ги применува. Зборувајќи за вечната посветеност и неоткажувањето од своите соништа, ги мотивираше младите да бидат вцелосно посветени на сопствениот развој како би можеле на многу полесен начин да дојдат до остварување на сопствените цели.

Лидер е човек кој останатите сакаат да го следат. Доколку сакате луѓето да ве следат, мора да бидете пример за другите и да ја заслужите нивната доверба и почит. Симона Костовска, Проектен менаџер и Тим Лидер во Врооток Маркетинг и Консалтинг, ги запозна младите учесници на академијата со карактеристиките на еден успешен лидери личните особини кои го одредуваат стилот на еден лидер.

Луѓето ја сакаат рутината. Сакаат да ја прават истата работа постојано, бидејќи на тој начин се чувствуваат сигурни и можат да предвидат што ќе се случи. Но, вистинските лидери немаат граници и прават големи чекори напред. М-р Кристина Митровска, Магистер по корпоративно право, младински работник и член на ИСЛАА, во текот на своето предавање за Излегување од комфорна зона истакна дека морате да се отворите себеси кон можности кои никогаш не сте помислиле дека се возможни.

М-р Стефанија Темелковска – Миладиноска, професорка по англиски и германски јазик и  магистер по односи со јавноста, зборуваше за значењето на тимската работа и тимската ефективност. Зборувајќи за еден функционален тим и како тимската координација е многу важна во процесот на остварување на саканите резултати, Стефанија ја потенцираше важноста на тим лидерот кој ќе го организира, мотивира и стимулира својот тим, јасното дефинирање на улоги за секој член на тимот, проток на информации и јасната комуникација, како и уште некои важни елементи коишто влијаат на тимската продуктивност и ефикасност.

Интервјуто за работа е златна шанса за секој кандидат да остави одличен прв впечаток и да докаже дека нема друг како него. Дарко Несторов од Руски центар во состав на УКИМ демонстрираше стратегии и тактики за добра подготовка и добар настап при интервју за вработување, истакнуваќи го значењето за себе – вреднувањето и потенцирањето на сопствените квалитети.

Овој проект на ИСЛАА е поддржан од Винчини кои се погрижија во текот на предавањата и паузите учениците да се засладуваат со прекрасните производи на компанијата и Винарска визба ,,Тиквеш која обезбеди производи за благодарност за сите гости предавачи кои одлучија да ја поддржат оваа благодарна иницијативана ИСЛАА и своето знаење и вештини несебично и сесредно да го пренесат на младите.

Средношколската лидерска академија продолжува и наредните саботи.

#ИСЛАА #СЛА2019 #СредношколскаЛидерскаАкадемија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *