Одржана работилницата за депресија и анксиозност кај младите

Депресијата и анксиозноста не треба да се третираат со апчиња. Променете го начинот на живот, опружувањето, навиките и својот спас барајте го активности што ве исполнуваат и ве прават среќни. Идентификувајте области од вашиот живот каде што може да влијаете и сосредочете ги сите напори таму. Направете листа на стравови што ги имате и секој ден соочувајте се со по еден од нив. И секако, не заборавајте умерено да ги користите социјалните мрежи кои се еден од најголемите непријатели на менталното здравје.
Ова се само дел од пораките од интерактивната работилница на ИСЛАА за депресија и ансиозност кај младите. На настанот, Мартин Јованоски го сподели своето искуство со “модерните болести” на денешницата, образложувајќи ги причините поради кои се појавуваат овие состојби, како да се препознаат во секојдневниот живот и како да се совладаат.
Пред присутните, Мартин сподели практични совети како да излеземе победници во борбата со негативните феномени на модерното живеење. А преку отворена дебата и учесниците имаа можност да споделат свои искуства и да побараат мислење од Мартин.
Поради големиот интерес, ИСЛАА ќе продолжи со серијата работилници поврзани со менталното здравје на човекот.
Голема благодарност до спонзорите што помогнаа за организирање на настанот: Square21 и Tikveš Winery.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *