Одржана бесплатна обука на тема „Основање сопствен бизнис“

Во рамки на активностите на ИСЛАА, во ФОН Универзитет вчера се одржа тричасовна обука на тема „Основање сопствен бизнис”.
На обуката, предавачот Дарко Илиов ги воведе присутните во постапката и начините за основање сопствен бизнис, а преку практични вежби учесниците ги подобрија своите вештините за продажба и ја разработија својата бизнис идеја.
Благодарност до нашите спонзори Макпрогрес – Vincinni, Vitalia Healthy food и FON University што помогнаа во реализација на обуката.
ИСЛАА ќе продолжи да вложува во младите и амбициозни луѓе коишто се стремат да направат позитивна промена во општеството!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *