ИСЛАА учесник на Првиот мултиетнички форум за жени лидери од Косово и Балканот

По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, а во рамките и на Неделата на Франкофонијата во Косово, претседателот на ИСЛАА Катерина Климовска учествуваше на Првиот мултиетинички форум за жени лидери од Косово и Балканот. Форумот е во организација на  две цврсти женски фигури во косовското општество, Њомза Емини и Мимоза Гаврани. Самата иницијатива беше силно поддржана и од францускиот амбасадор во земјата Дидие Чaберт, како и од косовскиот премиер Рамуш Харадинај и неговата сопруга, г-ѓа Анита Харадинај.
 
„Да бидеме жени кои отворено ќе ја прикажат својата моќ, знаење и вештини, добивајќи јавно признание и углед, жени кои ќе успеат да ја искористат моќта во општествата кои се обидуваат да ја ограничат, жени кои ќе им пркосат на угнетувачките традиции и режими и жени кои ќе ги скршат правилата, следејќи ги своите визиии и соништа“, истакна во своето обраќање пред присутните, претседателот на ИСЛАА Катерина Климовска.
Организаторите на конференцијата посочија дека е време да се препознае вистинската сила и потенцијал на жените без оглед на етничката припадност. Вистинскиот потенцијал на жените треба да се прикаже и да предизвика поттик кој ќе води кон канализирање на позитивни општествени промени во Косово и во регионот. Младите жени може да дадат силна порака за добра регионална соработка во инетерес на унапредувањето, преку нивната волја за соработка и взаемен придонес, кон подобра иднина. Постојат безброј случаи кога обединети жени направиле промени кои подоцна служеле како модел.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *