ИСЛАА дел од глобалната иницијатива Global Entrepreneuship Week 2019

ИСЛАА ќе биде дел од организацијата на Светската недела на претприемништво (Global Entrepreneurship Week) што ќе одржи од 18 до 24 ноември во Скопје.

По тој повод, беше потпишан Меморандум за соработка со Startup Macedonia како домаќини на настанот, со што се означува и почетокот на успешна соработка по повод глобалната иницијатива чијашто цел е да го промовира и поттикнува претприемништвото во над 170 држави ширум светот.

И oваа година, во фокусот на Global Entrepreneurship Week ќе биде развивање на претприемништвото, поттикнување на растот и развојот на нови бизниси и воспоставување на стратешки партнерства меѓу стартапите, претприемачите, развиените бизниси и компаниите.

Повеќе детали за настанот следуваат наскоро!

#GEW2019

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *