На Школата за млади лидери што по шести пат се одржa Охрид, пред четириесетте учесници своите знаења ги пренесоа г. Петар Стојанов, Поранешен Претседател на Република Бугарија, г. Франко Фратини, Поранешен Потпретседател на Европската комисија и Поранешен Министер за Надворешни Работи на Италија, Д-р. Горазд Росоклија, Професор на универзитетот Колумбија, г. Марк Оте, Генерален директор на Кралскиот Институт за меѓународни односи – ЕГМОНТ и други.

Тимот во овој состав успеа првата недела од Школата да ја исполни со академски дебати, со идеи за европската иднина на Република Македонија, со проекти за воспоставување на обезбедена иднина на Република Македонија, и секако со практични примери за спроведување на истите со цел овозможување подобро и поквалитетно утре за граѓаните на нашата држава. Пример кој покажува дека Школата има и големо и регионално значење е еднодневната посета на учесниците на општината Пустец во Република Албанија во која над 90 проценти од граѓаните се од македонска националностШколата за млади лидери по шести пат се одржува во Охрид, од 16 до 28 август, на иницијатива на претседателот Иванов.

Идејата на претседателот Иванов е да им се овозможи на младите талентирани и амбициозни луѓе од Македонија да ги надградуваат и усовршуваат своите вештини, да ја развиваат својата креативност и лидерски способности.