Иванов Школа за Лидери Алумни Асоцијација


Нашата организација

ИСЛАА е организација со седиште во Скопје, во која што се вклучени повеќе од 150 млади македонски лидери од бизнис и владиниот секторот, граѓанските организации и од политиката. Сите членови доаѓаат од различни културни, етнички и религиски припадности и живеат во Македонија или во другите држави на Европа. ИСЛАА е целосно посветена на исполнување на својата визија, мисија и статут, преку развој и имплементирање на иновативни иницијативи. Членовите сносат морална и колективна одговорност да ги поддржат активностите на ISLAA и се придржуваат кон универзалните принципи на солидарност, еднаквост и взаемно почитување.  

Нашата Визија:

Визијата на ИСЛАА е да се претстави како силна алумни асоцијација со создавање на влијателен лидерски ентитет.

Цели:

Сведоштва

Славе Јовановски - Вработен во Google и е технички водач на новиот YouTube Live Streaming

Ми беше чест да бидам дел од програмата на школата за млади лидери. Би ми било задоволство и во иднина да го споделам моето искуство од дијаспората со оваа импресивна група на млади луѓе. Сигурен сум дека оваа Ваша иницијатива ќе биде успешна и ќе ги изгради идните лидери од висок калибар.

Самоил Самак- Генерален директор на Микросам, Поранешен програмер во Microsoft, САД

Ве поддржувам во иницијативата, и ви посакувам успех! Ова е многу важно за државата и општеството!

Зорица Митровић- Учесничка на Школата за Млади Лидери

Ви честитам на добрата организација на оваа школа, и ми беше чест што сум дел од неа. Македонија е секаде каде што се Македонците и посебно сум благодарна што мислите и на нас во дијаспората , и ни давате можност да ги подобриме нашите знаења и искуства , со цел да и помогнеме на Македонија. Тука се создаваат младите за иднината на Македонија, која не поврзува и обврзува.