Ivanov School of Leaders Alumni Association


Zarko Kujundziski

Can you tell us, what is your education background and work experience?

Во 2003 година дипломирав при државниот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, отсек за Општа и компаративна книжевност. Во 2009 година магистрирав на истиот факултет на тема „Аспекти на микрофикцијата во македонската и во американската книжевност“, што беше една од првите толку опсежни студии на оваа тема и во глобални рамки. Во текот на пишувањето добив огромна поддршка од повеќе македонски професори, со кои имав прекрасна комуникација и за време на студиите, но бев во контакт со професори и од американските колеџи, што ми беше драгоцено искуство во рамки на стекнување уште поширока академска култура. Иако повеќето мои блиску луѓе отсекогаш мислеле дека ќе се пронајдам како професор во образовниот систем, условите беа такви што сепак морав да продолжам со моето професионално надградување во областа на уметноста и на приватниот сектор. Освен што како писател имам објавено девет книги (романи, песни, есеи, раскази), имам пишувано сè и сешто, од слогани, реклами, сценарија, колумни, до рецензии. Сè освен рецепти за готвење. Моментално пак имам малку време да пишувам, бидејќи сум целосно окупиран со мојата издавачка куќа „Антолог“ од Скопје.

What is your biggest driver in life, what motivates you to do your job? What is Your Greatest Accomplishment?

Дефинитивно креативноста, што е моја карактерна одлика и талент за кој сум премногу благодарен. Креативноста е состојка што може и треба да се додаде во сè што правиме, бидејќи им дава човечка топлина и оригиналност на сите нешта. Многупати сме поставени во ситуација да бидеме напаѓани како личности токму поради нештата што ги придонесуваме во општеството. Јас ретко кога сум го трошел времето на полемики и надмудрувања. Мој одговор секогаш е токму креативноста, која ја поседува смислата на постоењето. Само творештвото, создавањето, само нови дела, можат да бидат одговор на сите важни прашања.

Any job values that you would like to share with us?   

Мислам дека веќе погоре го дадов одговорот. Воркохолик сум и колку и да бидам еден ден високо (или ниско) во хиерархијата на позиции, секогаш пред сè ќе го ценам кај другите тоа што самиот го поседувам, желбата да се вложиме себеси максимално во сè што правиме, независно колку и дали сме платени и ценети. Треба да се искористи времето со кое располагаме, не само во минлив хедонизам, туку во конкретни постапки. 

How is networking important for you and your career? What do you think in general about networking?

Можеби е најважното од сè. Да може да го проширите обемот на сопствениот бизнис и воопшто да растете во кариерата, примарно е да бидете отворени постојано да создавате линкови со што повеќе луѓе од што повеќе области и дејности, секогаш ценејќи ги и почитувајќи ги и трудот и вештините што тие ги даваат и поседуваат. 

What do you do when you don't work? What are your hobbies? 

Имам претерано малку време надвор од „Антолог“, но целото до секунда го трошам на луѓето што ми се битни, а тука почесно место има Алумни асоцијацијата на Школата за лидери на Претседателот Ѓорге Иванов, каде не можам да се пофалам дека сум меѓу поактивните членови, но секогаш доаѓам на настаните и активностите со огромна почит и се враќам со полно срце.

Do you prefer/play any sports? 

Спорт повеќе гледам, отколку што играм. Фанатично ги следам речиси сите настапи на македонските реперезентации, но не одбивам партија баскет, исто како и пинг-понг и куглање.

What kind of books do you like reading, what is your last read book? 

Ситуацијата ми е таква што морам да читам книги секој ден и тоа главно белетристика, романи. Последната книга што буквално ме остави во левитација барем неколку денови беше „Лавр“ од рускиот писател Евгениј Водолазкин. Ремек-дело.

Any favorite book /movie /TV show? 

Јас сум голем филмоман, особено до пред две-три години мислам дека гледав по дваесет филмови неделно. Меѓу другото, сум и прес-координатор, односно ПР, на најважниот филмски фестивал во Македонија и на Балканот, ИФФК „Браќа Манаки“ од Битола, така што списокот на омилени филмови е во постојан растеж. Како и да е, прво што ми текнува е дека неодамна ме воодушеви кандидатот за Оскар, „Волкот од Волстрит“.