Ivanov School of Leaders Alumni Association


Lira Bojku

Can you tell us, what is your education background and work experience?

Јас сум дипломиран правник. Дипломирав во Универзитетот на Југоисточна Европа, како првенец на генерација (09/12). Во моментов сум на постдипломски студии на Меѓународни односи -човекови права во ТЕМПУС програмата. Сум волонтирала во Министерството за транспорт и врски (6 месеци), потоа во Секретаријатот за европски прашања (8 месеци). Во моментов работам во Секретаријатот за европски прашања, како дел од Кабинетот на вицепремиерот за европски прашања д-р Фатмир Бесими. 

What is your biggest driver in life, what motivates you to do your job? What is Your Greatest Accomplishment? 

Моите соништа и цели се мојот мотивирачки двигател за да се постигне успех во животот. Желбата да се напредува и да се научат нови работи, исто така, желбата да се биде успешен во мојата професионална кариера и во приватниот живот исто така. Јас сум спокојна и имам внатрешен мир само кога сум убедена дека работам со целосна посветеност и целосен потенцијал. Во групата на мотиватори, исто така ќе ги споменам моите родители и мојата сестра, кои секогаш ме поддржат и охрабрат особено кога се соочувам и справувам со потешкотии. Се хранам со резултатите и постигнувањата, па затоа доколку на крајот направената добра работа го краси постигнатиот посакан резултат ова прави да мојата главна мотивација да продолжи. 

Any job values that you would like to share with us? 

Работна етика, одговорност, позитивен став, адаптибилност, чесност и интегритет, мотивираност и подготвеност за континуирано професионално надградување и учење на нови работи, самодоверба, професионализам, посветеност, и така натаму. 

How is networking important for you and your career? What do you think in general about networking?

Вмрежувањето (Networking) или градењето на врски, мислам дека е од исклучителна важност не само за мене и за мојата работа туку за секого. Запознавањето на нови луѓе е битен елемент на вмрежувањето, но исто така да се учи од луѓе кои веќе ги познаваш, претставува основа на вмрежувањето. Мислам дека вмрежувањето е континуиран процес на градење односи кои можат да резултираат со различни отворени можност; претставува ефективен начин на запознавање со различни можности во кариерата, како и за акумулирање совети за реализација на своите цели.  Вмрежување е најмоќната тактика на маркетингот за да се забрза и да се одржи успехот за било кој поединец или организација! - Адам Мали 

What do you do when you don't work? What are your hobbies? 

Во времето кога не работам,учам за испитите од магистерските студии, читам некоја книга или пишувам. Уметноста, цртањето и пишувањето се моето хоби. Во главно пишувам проза и од време на време ги објавувам во различни портали во и вон земјата.

Do you prefer/play any sports? 

Секогаш велам дека ќе почнам од утре.

What kind of books do you like reading, what is your last read book?

Читам многу, читам речиси сè. Обожавам книги со добра приказна кои знаат да ме држат заинтересирана и во неизвесност се до последната реченица. Ги сакам романтичните романи, психолошките, мотивирачките книги, итн. Во последно време повеќе читам професионални книги како меѓународно право, човекови права ... како и книги кои се поврзани со работатата која ја работам. Мојата последна книга е "Алеф" од Paulo Coelho. Го обожавам целоto негово творештво. 

Any favorite book /movie /TV show?

Angels and Demons-Dan Brown/12 Years a slave/