Latest ISLAA news

Дел од професорите и експертите во изминатите седум години како предавачи на Школата за млади лидери

Драги млади лидери,

Ви претставуваме дел од професорите и експертите, кои преку практични вежби и предавања, во изминатите седум години своите знаења и искуства ги пренесоа на околу 280 млади луѓе кои што беа дел од седумте генерации на Школата за млади лидери.

#МладиЛидери17 #YoungLeaders17

Дел од досегашните 160 реномирани предавачи кои одржаа свои предавања на Школата за млади лидери

Драги млади лидери,

Меѓу досегашните 160 реномирани предавачи кои одржаа свои предавања на Школата за млади лидери беа:

1. г. Бан ки Мун, Поранешен Генерален Секретар на Обединетите Нации

2. д-р Иво Шлаус, Претседател на Светската Академија на науки и уметности

3. Д-р Исмаил Серагелдин, Директор на Александриската Библиотека
-„ИТ, Вештачка интелигенција и лидерите на иднината“

4. г. Франк Бренер, Генерален директор на ЕУРОКОНТРОЛ
– „Лидерство во меѓународна организација“

5. д-р Феликс Унгер, Претседател на Европската академија на науките и уметностите
– „Вистинското лидерство бара целосна и урамнотежена личност”

6. д-р Абдулазиз Отман Алтваијри, генерален директор на Исламската образовно, научна и културна организација „ИСЕКО“
-„Улогата на школите во ширење на вредностите на културната разновидност“

#МладиЛидери17 #YoungLeaders17

Поранешните претседатели на Чешка, Латвија, Србија, Бугарија и на Албанија како предавачи на Школата за млади лидери

Драги млади лидери,

Ви ги претставуваме поранешните претседатели на Чешка, Латвија, Србија, Бугарија и на Албанија кои одржаа свои предавања на Школата за млади лидери:

1. Н.Е. г. Вацлав Клаус, Поранешен Претседател на Чешката Република
– „Порака за идните млади лидери од не толку млад лидер”

2. Н.Е. г-ѓа. Ваира Вике-Фреиберга, Поранешен Претседател на Латвија

– „Внатрешна сила и надворешен авторитет“

3. Н.Е. г. Борис Тадиќ, Поранешен Претседател на Република Србија

-„Поздравно обраќање на свеченото отворање“

4. Н.Е. г. Петар Стојанов, Поранешен Претседател на Република Бугарија

– „Балканот- сегашност и иднина“

5. Н.Е. г. Бамир Топи, Поранешен Претседател на Република Албанија
– „Предизвици и можности за балканското лидерство денес“

6. Н.Е. г. Георги Прванов, Поранешен Претседател на Република Бугарија
– „Предизвици и можности за балканското лидерство денес“

#МладиЛидери17 #YoungLeaders17

Белегот на македонскиот лидер

Драги млади лидери,

Остануваат уште 11 дена до почетокот на осмата по ред Школа за млади лидери, која што се одржува под покровителство на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов.

Школата за млади лидери за прв пат беше организирана кон крајот на август 2010 година во Охрид. Во изминатите седум години на неа учествуваа околу 280 млади луѓе со различна академска и професионална определба. Пред седумте генерации учесници на Школата за млади лидери свои предавања одржаа над 160 реномирани предавачи од Република Македонија, Европа, САД, Азија и Австралија.

Во периодот што следува ќе ви претставиме дел од досегашните предавачи.

Следете не.

#МладиЛидери17 #YoungLeaders17

 

ИСЛАА во посета на Амбасадата на НР Кина

Членови на ИСЛАА денес беа во посета на дипломатско – конзуларното претставништво на Народна Република Кина во Република Македонија. За време на посетата, членовите остварија средба со амбасадорот на НР Кина, Н.Е. г-ѓа Yin Lixian и советникот за политички прашања г-дин Mao Quingwen. На средбата беа презентирани целите и структурата на ИСЛАА како организација која го развива влијателниот лидерски ентитет кај младите во сите сфери на дејствување.

Како благодарност за долгогодишната поддршка на Иванов Школата за Лидери од страна на кинеските партнери, но и признавање за вредноста и визијата на Алумни асоцијацијата, претседателот на ИСЛАА, д-р Данче Ристова, ја искористи оваа прилика да додели благодарница на Амбасадата. Овој акт беше оценет како надградба на веќе развиените билатерални односи и соработка меѓу двете земји.

Средбата финишираше со размена на можности и идеи за идна соработка помеѓу младите на овие две држави.

Конкурс за осмата по ред Меѓународна обука за млади лидери

Објавен е конкурсот за осмата по ред Меѓународна обука за млади лидери, што под покровителство на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, ќе се одржи од 20 август до 1 септември во Охрид.

Програмата е наменета за млади луѓе со завршено високо образование кои имаат желба преку нивните лидерски вештини да придонесат за позитивен развој на општеството и околината во која живеат и работат.

Програмата на школата опфаќа предавања и практични вежби за лидерство, со еминентни предавачи од земјава и странство, а наставата се одвива на македонски и на англиски јазик.

На конкурсот, што е отворен до 12 јуни, може да учествуваат сите млади од Република Македонија и наши иселеници што живеат во странство. Условите за конкурирање, предвидуваат апликантите да имаат одлично познавање на англиски јазик, да имаат просек (еднаков или поголем од 8,5) на додипломските студии, а работното искуство од минимум една година ќе се смета за предност. Апликацијата, што треба да се достави до Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, треба да содржи биографија, кратко мотивациско писмо, копија од уверение за положени испити, потврда за напреден степен на познавање на англиски јазик и две препораки.

#МладиЛидери17 #YoungLeaders17

Одбележан шестиот роденден на ИСЛАА

Луѓето кои од самиот почеток веруваа во нашата визија, знаеја дека ќе има огромен feedback по само неколку години. Тоа го покажуваат и бројките: стартувавме со 35, а сега нè има безмалку 300 млади лидери. И не само тоа, најголем доказ се успешните, млади луѓе кои се дел од ИСЛАА, кои научија како да достигнат повеќе, да сонуваат повеќе, да бидат повеќе, како визијата да ја претворат во реалност. Со овие зборови, Претседателот на Иванов Школа за Лидери – Алумни Асоцијација, д-р Данче Ристова ја отвори прославата на шестиот роденден на ИСЛАА. Таа даде осврт за сработеното во 2017-та година, поточно за периодот по превземањето на функцијата Претседател на асоцијацијата. Потоа го повика иницијаторот на Школата за млади лидери, Претседателот на Р. Македонија, Н.Е. д-р Ѓорѓе Иванов да земе збор.

За да се биде лидер, треба многу труд, многу знаење, многу искуство, многу трпение, многу откажувања, а некој пат и жртва. Жртвувањето носи до победа, до успех и создавање на луѓе кои предводат, рече Претседателот на државата, Н.Е. проф. д-р Ѓорге Иванов. Тој потенцираше дека сите што се нарекуваат себеси лидери не се лидери, ако немаат следбеници. „Колку повеќе следбеници имате, толку повеќе имате моќ да предводите“, рече Иванов и им ги честиташе сите досегашни успеси на посетителите на Школата за млади лидери.

На прославата покрај претседателот Иванов, присуствуваа претставници од Кабинетот, од органите на државната управа, дипломатскиот кор и дел од учесниците од Школата за млади лидери. Настанот беше покриен од голем број на медиуми.

Во продолжение низ фотографии погледнете како помина прославата на 6-от роденден на ИСЛАА.

Честитки на новиот извршен одбор на ИСЛАА 2017

ИСЛАА извршниот одбор – 2017 на прием кај Претседателот на Република Македонија, Н.Е. д-р. Ѓорге Иванов.

Новото раководство на ИСЛАА за 2017 година беше избрано на Годишното Собрание, одржано на 17.12.2016 год.