9th Generation – 2018

„Создаваме иднина за младите, но и млади за иднината“
На деветтата по ред Школа за млади лидери, лична иницијатива на претседателот Иванов, што од 20 до 31 август 2018 година се одржа во Струга, учествуваа триесетина реномирани предавачи од врвни образовни и професионални институции од Република Македонија, Европа и светот кои ги пренесоа своите искуства и видувања за лидерството на вкупно 40 учесници.
Програмата на школата беше фокусирана на најдобрите практики и знаења за развој на еко-системи за поттикнување на старт-ап, мали и средни претпријатија, како и деловното истражување и иновациите воопшто.
На свеченото отворање, покрај претседателот Иванов, се обрати и поранешниот претседател на Република Латвија, г. Валдис Затлерс.
Меѓу предавачите на  Школата за млади лидери беа г. Дејвид Голдсмит, еден од водечките експерти за бизнис менаџмент и лидерство, г. Озгур Торт, главен извршен директор на MIGROS Group, г. Штефан Петер, Претседател на Извршниот Одбор на ЕВН Македонија, г-ѓа Пинар Ајваз Арикан, Генерален директор на Turkish Airlines во Скопје, г. Есер Џевахир, директор на Џевахир холдинг, г. Сани Шенер, Извршен директор на ТАВ аеродроми, г. Бајбарс Алтунташ, претседател на Инвестициониот форум за светски бизнис ангели, г. Дејвид Бекет, TEDx тренер, г-ѓа Снежана Зивчевска – Сталперс, Менаџер на проекти во IBM.
Share