8th Generation – 2017

Школата за млади лидери е влог за посилна Македонија. Содржините и предавањата на Школата за млади лидери се избрани со една единствена цел – во корист на младите лидери кои се обидуваат да изградат подобар свет и посилна Македонија.
Вкупно 22 реномирани предавачи од врвни образовни и професионални институции од Република Македонија, Европската унија, САД и Кина, ги пренесоа своите знаења, искуства и видувања за лидерството на вкупно 40 учесници на школата која по Осми пат се одржа во Охрид во периодот 21 до 31 август 2017 година.
На свеченото отворање, покрај Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, се обратија д-р Стефан Воденичаров, поранешен претседател на Бугарската академија на науките, на д-р Сани Шенер, главен извршен директор на „ТАВ Аеродроми”, на г. Штефан Петер, претседател на управниот одбор на „ЕВН Македонија”, на д-р Давид Пан, декан на колеџот Шварцман при Универзитетот Чингуа, на амбасадорот, д-р Георг фон Хабсбург, како и на д-р Зоран Илиевски, професор на Правниот факултет “Јустинијан Први” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, во Скопје.

Шест странски учесници беа дел годинашната Школа за млади лидери, иницијатива на претседателот Иванов, која од 21 август до 31 август се одржуваше во Охрид. Гости од САД, Австралија, Азербејџан, Грција и Турција имаа можност да бидат дел од осмата по ред Школа, која и годинава беше со меѓународен карактер.

Share