7th Generation – 2016

Сите ние на одреден начин го моделираме нашето општество, нашите заедници. Од нас самите зависи нашиот личен успех, но и успехот на сите околу нас, успехот на целото општество.

 Преку Алумни-асоцијацијата, односно ИСЛАА,  во текот на целата година активно учество во проекти и инцијативи имаат членовите кои беа дел од Седмата по ред Школа за млади лидери.

Меѓу предавачите кои своето знаење и искуство несебично и сесрдно го споделија со учесниците во овогодинешната школа беа поранешната претседателка на Летонија, г-а Ваира Вике-Фреиберга, градоначалникот на Солун, г. Јанис Бутарис, директорот на Евроконтрол, г. Франк Бренер поранешниот претседател на Бугарија, г. Петар Стојанов, директорот на Александриската библиотека Исмаил Серагелдин, на директорот за човечки ресурси при Европскиот центар за набавки на компанијата „Хуавеи“ Фан Меихуа, истражувачот на Вартон Школата при Универзитетот во Пенсилванија, д-р Ѓорѓија Петкоски, претседавачот на Извршниот комитет на Трилатералната комисија на Република Србија, Јован Ковачиќ.

Share