„Станица: Студентска 7.0“

„Станица: Студентска 7.0“

ИСЛАА со свој штанд се приклучи на седмото издание на настанот „Станица: Студентска 7.0“  што се одржа на Правниот факултет „Јустинијан Први” во Скопје. Како дел од целодневната интерактивна програма, членови од ИСЛАА ја презентираа асоцијацијата и нејзините активности пред студентите и претставници од академската заедница.
 
Целта на настанот беше да се поттикне здружување помеѓу студентите со фокус на студентскиот активизам, истражувачката работа и размената на знаење помеѓу академската заедница.
Инаку, иницијативата е дел од Проектот за образовни центри за советување и алумни стипендисти на Фондациите Отворено општество, во организација на Младински образовен форум – МОФ / Youth Educational Forum -YEF.
Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *