ИСЛАА одржа работилница за основи на јавно говорење

ИСЛАА одржа работилница за основи на јавно говорење

Како да се победи тремата, што е потребно за еден добар говор пред публика, кои се најчестите митови за јавното говорење, која е суштината и разликата меѓу  вербалната и невербалната комуникација, овие и многу други прашања синоќа беа одговорени на работилницата за јавно говорење, организирана од ИСЛАА во Public Room.
Стравот од говорење во јавност може да се надмине и да се контролира, преку солидна стручна подготовка и континуирана пракса.
Оваа порака ја испратија тројцата предавачи на настанот: д-р Marko Krtolica, асистент на катедрата по уставно право и политички систем на Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, Stefanija Temelkovska-Miladinoska, магистер по односи со јавноста и победник на ораторска вечер „Иво Пухан“ и Борјан Топуковски, дипломиран политиколог и поранешен претседател на Клубот на оратори „Forum Oratores“.
Тричасовниот настан беше организиран во интерактивна амтмосфера и вежби, со цел сите учесници да можат да стекнат најосновни знаења за моќта на јавното говорење и промените што еден млад човек може да ги направи преку истото. На крајот од настанот сите учесници добија сертификат за стекнато знаење за основи на јавното говорење.
ИСЛАА најавува дека ваквиот вид работилници на кои ќе се потенцира и афирмира моќта на јавниот говор кај младите луѓе-идни предводници на нашето општество ќе продолжи и во иднина.
Голема благодарност до нашите спонзори за организирање на настанот: Vincinni и Tikveš Winery.
Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *