ИСЛАА дел од настанот Youth Fest

ИСЛАА дел од настанот Youth Fest

Во текот на изминатиот викенд имавме можност да присуствуваме на Youth Fest 2019, настан во организација на Youth Council of the US Embassy, насочен кон промоција на вредностите и квалитетите на младите луѓе во земјава, но и споделување на нивните успешни приказни. Никола Манев, член на ИСЛАА, беше дел од тимот што стоеше зад успешната реализација на настанот, благодарение на чие залагање се продлабочи соработката помеѓу двете организации.

Бојана Радиновиќ од ИСЛАА беше дел од панел дискусијата на тема „Зошто да останам тука?” Таа придонесе со своето видување за перспективата на младите во земјава и за тоа како да се спречи одливот на мозоци, охрабрувајќи ги да се борат да ги остварат своите соништа во нивната родна земја. Преку овој настан остваривме вмрежување што во иднина би придонело за поголем заеднички ангажман во активности од ваков тип.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *