Првиот ден свеченото отварање на Школата на млади лидери на претседателот Иванов за 2017 година!

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, се обрати на свеченото отворање на Школата за млади лидери, што на негова иницијатива по осми пат се одржува во Охрид, од 21 до 31 август.

На свеченото отворање се обратија д-р Стефан Воденичаров, поранешен претседател на Бугарската академија на науките, на д-р Сани Шенер, главен извршен директор на „ТАВ Аеродроми”, на г. Штефан Петер, претседател на управниот одбор на „ЕВН Македонија”, на д-р Давид Пан, декан на колеџот Шварцман при Универзитетот Чингуа, на амбасадорот, д-р Георг фон Хабсбург, како и на д-р Зоран Илиевски, професор на Правниот факултет “Јустинијан Први” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, во Скопје.


На годинешната школа ќе присуствваат вкупно 22 реномирани предавачи од врвни образовни и професионални институции од Република Македонија, Европската унија, САД и Кина, кои ќе ги пренесат своите знаења, искуства и видувања за лидерството на вкупно 40 учесници на школата.

„Ви посакувам на оваа обука да ги осознаете сите вештини од овогодинешните предавачи, од луѓе кои зад себе имааат успешни кариери, кои направиле нешто и постигнале во животот и затоа се со нас. Ова е школа и обука на успешните, затоа што со самото тоа што сте тука меѓу нас, вие сте тие што се најуспешни. Ние се обидуваме најуспешните да ги направиме уште поуспешни, затоа што во секое општество сенеопходни луѓе кои водат. Многумина, не знаејќи што се случува, ја поистоветуваат оваа школа со старите школи за политика. Нема тука политика. Тука има вештини за водење и раководење, вештини за создавање на проекти за аплицирање на грантови и наоѓање решенија. За иновација и креација. Ви посакувам овие денови да ви бидат исполнети со многу нови идеи, да ви бидат исполнети со многу нови проекти, со многу нови познанства и многу вмрежувања“, рече претседателот Иванов на отворањето на Школата.

Програмата на школата опфаќа предавања и обуки во сферите на лидерството и менаџментот од страна на еминентни предавачи и гости од врвни образовни и професионални институции, менаџмент-симулации и практични вежби.

Школата за млади лидери е обука на успешните, затоа што со самото тоа што сте тука меѓу нас, вие сте тие што се најуспешни. Ние се обидуваме најуспешните да ги направиме уште поуспешни, затоа што во секое општество се неопходни луѓе кои водат, рече претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на отворањето на осмата Школа за млади лидери, што по негова иницијатива се одржува од денеска до 31 август во Охрид.


#Ден1

#МладиЛидери17 #YoungLeaders17

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *