Подготовките за отворањето на осмата Школа за млади лидери на претседателот Иванов се завршени!

Драги млади лидери,

Се е подготвено за отварањето на осмата Школа за млади лидери на претсeдателот Иванов!

На свеченото отворање освен обраќање на македонскиот претседател, предвидени се и обраќања на д-р Стефан Воденичаров, поранешен претседател на Бугарската академија на науките, на д-р Сани Шенер, главен извршен директор на „ТАВ Аеродроми”, на г. Штефан Петер, претседател на управниот одбор на „ЕВН Македонија”, на д-р Давид Пан, декан на колеџот Шварцман при Универзитетот Чингуа, на амбасадорот, д-р Георг фон Хабсбург, како и на д-р Зоран Илиевски, професор на Правниот факултет “Јустинијан Први” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, во Скопје.

На годинешната школа ќе присуствуваат вкупно 22 реномирани предавачи од врвни образовни и професионални институции од Република Македонија, Европската унија, САД и Кина, кои ќе ги пренесат своите знаења, искуства и видувања за лидерството на вкупно 40 учесници на школата.

Меѓу предавачите на осмата по ред Школа за млади лидери се и поранешниот претседател на Република Албанија, г. Реџеп Меидани, професорот на Вартон Школата при Универзитетот во Пенсилванија, д-р Ѓорѓија Петкоски, професорот на Универзитетот во Цирих, д-р Марко Штенберген, како и еден од водечките експерти за бизнис менаџмент и лидерство, г. Дејвид Голдсмит.

Предавања на школата ќе одржат и други истакнати поединци, лидери на успешни компании, и претставници на етаблирани институции од Македонија, Норвешка, Австрија и други земји.

Школата за млади лидери е лична иницијатива на претседателот Иванов. Досега се организирани седум интензивни тренинзи за лидерство – вo 2010, 2011, 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016 година. Идејата на претседателот Иванов е да се овозможи на младите талентирани и амбициозни луѓе од Македонија да ги надградуваат и усовршуваат своите вештини, да ја развиваат својата креативност и менаџерски способности.

Програмата на школата опфаќа предавања и обуки во сферите на лидерството и менаџментот од страна на еминентни предавачи и гости од врвни образовни и професионални институции, менаџмент-симулации и практични вежби.

Во изминатите седум години на школата учествуваа 280 млади луѓе и над 160 реномирани предавачи, меѓу кои поранешниот Генерален секретар на ОН, г. Бан Ки-мун, поранешните претседатели на Чешка и на Латвија, г. Вацлав Клаус и г-ѓа Ваира Вике – Фреиберга, поранешните претседатели на Србија, на Бугарија и на Албанија, г. Борис Тадиќ, г. Георги Прванов, г. Петар Стојанов и г. Бамир Топи, поранешниот потпретседател на Европската комисија и поранешен министер за надворешни работи на Италија, г. Франко Фратини, претседателите на Светската и на Европската академија на науките и уметностите, г. Иво Шла

ус и г. Феликс Унгер, како и голем број амбасадори, функционери од Европската унија, директори на меѓународни институти и успешни бизнис компании и професори од реномирани светски универзитети.

Учесниците на досегашните школи се организирани во Алумни асоцијација – ИСЛАА, регистрирана како посебно здружение, коешто низ семинари, панел дискусии, предавања и учества во младински настани, овозможува продолжување на развојот на нивните знаења и вештини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *