Извршниот директор на ТАВ аеродроми Сани Шенер ексклузивно за Канал 5

#Ден3

„Школата за млади лидери е многу важна иницијатива. Затоа ние како компанија и јас лично дојдов овде да го поддржиме овој настан. Светот денес се менува и ние мораме да им помогнеме на младите луѓе да ги сфатат овие промени и да се позиционираат себеси соодветно. На универзитетите тие учат теории, но младите луѓе исто така мораат да го разберат и практичниот живот. Секогаш велам дека вашите дипломи, кои ги добивате со завршувањето на студиите, имаат рок на траење. Тој рок е четири години. После четири години, вашите дипломи не вредат ништо. Затоа младите луѓе мора да продолжат да учат и да посетуваат тренинзи. Ваквите тренинзи, како што е Школата за млади лидери навистина им помагаат на амбициозните и талентирани млади лидери да ги сфатат случувањата во овој свет кој се менува и да бидат многу добри „играчи“ во економијата“, рече главниот извршен директор на TAV Airports д-р Сани Шенер, и годинешен предавач на Школата за млади лидери, во интервју за Канал 5 Телевизија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *