Иванов Школа за Лидери Алумни Асоцијација


Нашата организација

ИСЛАА е организација со седиште во Скопје, во која што се вклучени повеќе од 150 млади македонски лидери од бизнис и владиниот секторот, граѓанските организации и од политиката. Сите членови доаѓаат од различни културни, етнички и религиски припадности и живеат во Македонија или во другите држави на Европа. ИСЛАА е целосно посветена на исполнување на својата визија, мисија и статут, преку развој и имплементирање на иновативни иницијативи. Членовите сносат морална и колективна одговорност да ги поддржат активностите на ISLAA и се придржуваат кон универзалните принципи на солидарност, еднаквост и взаемно почитување.  

Нашата Визија:

Визијата на ИСЛАА е да се претстави како силна алумни асоцијација со создавање на влијателен лидерски ентитет.

Цели:

Сведоштва

Александра Крстевска- дипл.економист Агенција за странски инвестиции на РМ

Можноста која ни ја пружа Школата за Млади Лидери под покровителство на Претседателот на РМ, Проф. Ѓорге Иванов претставува шанса која се надевам секој од нас учесниците ќе умее да ја вреднува, цени и искористи за да прерасне во личност со професионален интегритет и познавања за да влијае позитивно и да допринесе кон подобрување во рамки на областа во која работи и дејствува! Верувам дека очекувањата и надежта која ја имаат организаторите на школата и учесниците во обуката ќе успееме да ги исполниме и надминеме со текот на времето! Се најдобро – пожелувам да дочекам да ја видам и 4-та генерација од школата!

Елена Мановска - Учесничка на Школата за Млади Лидери

Повикани сме од сите делови на светот затоа што Македонија е секаде каде што има Македонци . Македонија е многу повеќе од географска локација на Балканот. Таа е во секој од нас, во Александар, Вероника, Самер, Ваљон, Пранвера, Јусуф, Ана.... Ние сме сегашноста и и иднината на Македонија во светот. Вие имате визија за нас и за Македонија , а наша обврска е да ја поведеме Македонија кон подобро утре за сите нас, ослободени од стравот од непознатото, охрабрени од лидери кои го споделија своето знаење и искуство со нас во школата за млади лидери.

Минчо Јорданов- Претседател на Одборот на директори на “Макстил” АД Скопје

Со големо задоволство говорев со овие млади луѓе за основната определеност да се собираат знаења и искуства и така создаваат водачи, лидери иднина на македонското стопанство и држава. Оваа работилница е одличен пример за оваа ваша инвестиција - образование на младите